news-bg

Новости

Проект:
ИНИЦИЈАТИВА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Повик за доставување понуди за ангажирање на обучувачи за три обуки за студенти 14/2026

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Иницијатива за административна социјална правда” (финансиран од ЕУ), има потреба од ангажирање на обучувачи за три три-дневни обуки за студенти.

Подетален опис на бараните услуги е даден во проектната задача и повикот:

Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: vesna.stefanovska@ihr.org.mk.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Крајниот рок за доставување на понудите е продолжен до 8.6.2026 година.


Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 5.6.2026 година.