news-bg

Новости

Проект:

In memoriam Саше Димовски

Институтот за човекови права со длабоко жалење ја прими веста за смртта на Саше Димовски кој беше дел од Советодавниот одбор на Институтот за човекови права, голем пријател и борец за владеење на правото во нашата држава.

Во богатата и разновидна новинарска кариера, Саше Димовски се покажа и докажа како искусен познавач на состојбите во правосудството во Република Северна Македонија, одличен аналитичар, кој на свој препознатлив стил ги елаборираше актуелните состојби во државава.

Ќе ни недостасуваат неговите досетки и анегдоти по кои сите во Институтот за човекови права го препознававме како и неговото знаење на правото низ новинарска призма.

Го изразуваме нашето длабоко сочувство до неговите најблиски за прераната смрт.