📸 Дали имаш страст за фотографирање и сакаш да освоиш безжични слушалки? Дали сакаш да се изразуваш креативно и да ја промовираш твојата култура и заедница? 💡✨
Те покануваме да учествуваш во фото-конкурсот на тема „Мојата култура низ објективот“!
Направи фотографија на оваа тема и испрати ја на Институтот за човекови права. Најдобрите три фотографии ќе освојат безжични слушалки - Apple AirPods! 🎁 🎧
ТЕМА НА КОНКУРСОТ
Главната тема на конкурсот е „Мојата култура низ објективот“. Целта на овој конкурс е да ги поттикне средношколците на креативен начин да претстават дел од нивните културни традиции и вредности.
Еве неколку предлог теми кои се надеваме дека ќе ве инспирираат:
➡️ „Мојот град низ објективот“ – фотографија од знаменитости, улички, паркови или објекти од твојот град кои го отсликуваат неговиот културен дух и наследство.
➡️ „Семејни традиции“ – фотографија која прикажува момент од семејна традиција или обичај, како заедничка вечера, празнична декорација или сцена од прослава што го пренесува духот на нивното семејство.
➡️ „Занаети и уметност од мојот крај“ – фотографија од локални занаетчии, нивните производи, или сцени кои го покажуваат традиционалниот начин на изработка и уметнички изрази специфични за нивниот регион.
➡️ „Ритамот на нашето културно наследство“ – фотографија од настани со традиционална музика или танц, било тоа да е фестивал, семејна прослава или обичен момент кој ги отсликува корените на учениците преку музиката и танцот.
➡️ „Јазиците на заедништвото“ – фотографија од секојдневниот живот каде се користат различни јазици, на пример, натписи на продавници, разговори меѓу различни генерации или мултикултурни настани кои покажуваат заеднички вредности.
Конкурсот не е ограничен на овие пет предлог теми. Важно е твојата фотографија да биде инспирирана од главната тема на конкурсот.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
Овој повик е отворен само за ученици од средни училишта. 🏫
КОИ ФОТОГРАФИИ ЌЕ ИМААТ ШАНСА ДА БИДАТ ОБЈАВЕНИ И ДА ОСВОЈАТ НАГРАДА?
➡️ Темата на фотографијата мора да се во согласност со главната тема на овој конкурс;
➡️ Фотографиите мора да бидат оригинални дела создадени од самите ученици;
➡️ Фотографијата може да е сликана со дигитална камера или телефон;
➡️ Фотографијата мора да биде со висока резолуција, минимум 1181 x 1772 пиксели;
➡️ Фотографијата мора да биде испратена како PNG или JPG FILE.
Сите фотографии ќе бидат оценувани врз основа на овие критериуми. Оние фотографии кои ги исполнуваат условите ќе бидат објавени на веб-страницата и социјалните мрежи на Институтот за човекови права, но само трите најдобри фотографии ќе освојат награда – безжични слушалки Apple AirPods.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИШ НА КОНКУРСОТ?
Испрати ја твојата дигитална фотографија на емаил адресата marija.chekredji@ihr.org.mk со наслов „Фотографија за конкурс на [напиши го твоето ИМЕ И ПРЕЗИМЕ]“.
Не заборавај дека фотографијата мора да биде со висока резолуција (минимум 1181 x 1772 пиксели) во PNG или JPG формат. Заедно со фотографијата, треба да ни ги испратиш и следниве информации:
➡️ Име и презиме;
➡️ Средно училиште;
➡️ Клас;
➡️ Град;
➡️ Краток опис на инспирацијата зад фотографијата и како е поврзана со главната тема на повикот.
❗❗ Крајниот рок за аплицирање е 20 ноември 2024 година. ❗❗
✨ Пријави се сега и покажи го својот талент! 📸
-----------------------
Оваа активност е дел од проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права, кој се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).