news-bg

Новости

Проект:
ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ

Дводневна обука за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет бр. 3

Заврши последната дводневна обука одржана во рамките на Проектот Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Од 9 до 10 јули, учесниците на обуката имаа предавања од страна на Маргарита Цаца Николовска – Претседателка на ИЧП и Судија во Уставниот суд во БИХ, и адвокат и поранешен судија во Уставниот суд во РСМ – Игор Спировски. Постојната национална легислатива за заштита од дискриминација со приказ на законите кои го третираат дискриминационото право кон сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како и институциите, процедурите и стандардите за заштита од дискриминација по основ на родов идентитет и сексуална ориентација во РСМ беа дел од темите кои беа опфатени од страна на предавачите во текот на првиот ден. Додека пак на вториот ден дополнително беа опфатени и Европска конвенција за човекови права и меѓународната легислатива за заштита од дискриминација и праксата на Судот за човекови права во врска со оваа проблематика.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img