news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНИЧКА ЗАЛОЖБА ЗА ПОДОБРИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СУДСТВОТО

ЧЕТВРТА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОДГОВОРНОСТ, ЕФЕКТИВНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО СУДСТВОТО

На 1ви и 2ри октомври 2020 година се одржа четвртата Работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството, во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ наменета за судии и судска администрација од Скопското апелационо подрачје, која е всушност прва од двете наменета за учесници од ова подрачје.

Во текот на дводневниот настан присутните судии и судската администрација имаа шанса да ги споделат своите искуства од секојдневната пракса на судовите.

На работилницата се дискутираше за теми од областа на ефикасноста, ефективноста и транспарентноста на работењето на судовите, од аспект на судиите и судската администрација. Беа дискутирани предизвиците со кои судиите и судската администрација се соочуваат при својата работа, условите за нивната ефективност и ефикасност и потребата за транспарентност. Цел на овие дискусии беа да ги приближат искуствата и да ги евидентираат несогласностите кои се појавуваат во текот на работењето и влијаат на горенаведените начела за успешно редовно работење.

Предавачи на работилницата беа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители – Наташа Габер-Дамјановска, проф. Д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет Јустинијан Први, Лидија Таневска Јадровска – Шеф на кабинет на Претседателот на Врховниот суд на РСМ и судија Лазар Нанев од ОС Кавадарци.

Сашко Георгиев, како претставник на Судскиот совет на РСМ, зборуваше за транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РСМ и за заложбите и реализирани активности произлезени од законските надлежности на Судскиот совет на РСМ.

Целта на овие работилници претставува, различните теми изложени од страна на предавачите да створат целина која покрај редовното работење на судиите и судската администрација, да ја подигне свеста за неопходноста за поголема интерна и екстерна комуникација на вработените во судските институции како и совладување на техники за справување со стресот и во секојдневието и професијата и организација на работата и работното време.

Проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ е финансиран од страна на ЕУ преку СФЦС и Британската амбасада Скопје a е имплементиран од Институтот за човекови права во партнерство со Центар за правни истражувања и анализи со поддршка на Здружение на судиите на Република Македонија и Здружение на судска администрација како здруженија соработници.


project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img