На 18 ноември 2026 година беше одржан четвртиот состанок на Националното координативно тело за административна социјална правда на кој учествуваа претставници од: Вишиот управен суд, Управниот суд; Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен; Фонд за пензиско и инвалидско осигурување; претставници од Државниот управен инспекторат и претставник од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
На овој состанок беше презентиран Водичот за остварување социјални права во управни постапки и се отвори дискусија за тоа:
- како да се зголеми информираноста на граѓаните за условите и постапката за остварување на права од социјалната заштита;
- дали е неопходна посебна обука и вештини за правните професионалци кои одлучуваат во постапки по права од социјална заштита (во управна постапка и управен спор) и
- за предизвиците во остварувањето на право на надомест за помош и нега од друго лице, за проверката на имотната состојба на корисниците на право на гарантирана минимална помош.
Се разгледуваа механизми за унапредување на Националното координативно тело за административна социјална правда.