news-bg

Новости

Проект:
ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА, БУЛИНГ И ГОВОР НА ОМРАЗА

Анкета за испитување на јавно мислење „Како медиумите влијаат врз средношколците?“

Институтот за човекови права во рамки на проектот „Заштита од дискриминација, булинг и говор на омраза“, финансиски поддржан од  Германска амбасада во Скопје, спроведува истражување на влијанието на социјалните медиуми и мас-медиуми во креирањето на јавно мислење и последиците изразени преку градење на стереотипи, дискриминација (сексуална ориентација и родов идентитет, род и статус), булинг и говор на омраза кај средношколците. 

Вашето учество во ова истражување е доброволно. Постапката вклучува пополнување на онлајн анкета која ќе трае приближно 5 минути. Вашите одговори ќе бидат анонимни и ние не собираме информации за идентификација. Резултатите од оваа студија ќе се користат само за научни цели. 

Ако имате какви било прашања во врска со истражувањето, ве молиме контактирајте нѐ на мејл адресата ihr@ihr.org.mk. 

Доколку би сакале да ја пополните оваа анкета, кликнете ОВДЕ.