news-bg

Новости

Проект:
ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НА РАБОТАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА И АНТИДИСКРИМИНАЦИСКА КОМИСИЈА

Анализа за спроведување на антикорупциски превентивни и интерни мерки

Оваа анализа е во насока на подготовка на проценка на ризик од корупција во рамки на институционалното работење, воопшто. Истата треба да послужи и како индикатор и како пример врз кој може да се мониторираат и други институции, независно дали припаѓаат на извршна, законодавна, локална или судска власт, од причини што ги разгледуваме мерките на превенција за спречување на корупција кои се воведени или би требало да се воведат со цел да се превенираат одредени коруптивни однесувања внатре во институцијата, особено при процесите на селекција и избор на кандидати, како и во постапките за вработување. Земен е предвид и периодот на воведување во работата, како фаза во која нововработениот веќе има пристап до одредени документи.

Овој документ има единствено за цел да ги отвори прашањата и да ги постави како основа за дискусија во понатамошното следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата.


Анализа за спроведување на антикорупциски превентивни и интерни мерки