news-bg

Новости

Проект:
ПРОЕКТ ЗА РАЗВОЈ НА МИКРО-ПРЕТПРИЈАТИJA НА ЖЕНИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ

Обука од областа на работните односи

На 19 и 20 октомври во Струга беше одржана обука за жените претприемачи во рамки на проектот „Проект за развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“. На оваа обука за прв пат во рамките на правно-економскиот сервис заедно се состанаа жените од Северна Македонија и Албанија. Темите кои се обработуваа на неа се во рамките на 5тиот модул, поточно сè што е поврзано со работните односи, пензиско и здравствено осигурување. Дел од практичните вежби кои беа спроведени во текот на минатите денови беа пишување договор, пополнување на формулари за пријавување и одјавување на работници…

Оваа обука е од исклучиво значење за жените од двете страни на границата поради тоа што имаа шанса да се запознаат меѓусебно и да споделат искуства и знаења, но и да разјаснат некои од дилемите кои им се наметнуваат од областа на работните односи, бидејќи дел од нив веќе имаат основано свои бизниси. За крај обуката беше заокружена со посета на Вевчани каде што имаа шанса да видат одличен пример за микро – бизнис во рурална средина, традиционален угостителски објект.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img