news-bg

Новости

Проект:
СЛЕДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Курс „Основи за борба против корупција во Република Северна Македонија (РСМ)“

Институтот за човекови права, во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, создаде курс наменет за оние кои имаат интерес да се запознаат со правната рамка за борба против корупција во РСМ, со главните меѓународни и европски правни инструменти и механизми за борба против корупција. Исто така, курсот овозможува и преглед на институциите кај кои може да се пријават случаи на корупција и нивната надлежност, како и практични примери за препознавање на корупцијата. Курсот може да биде од посебен бенефит за правници, адвокати, студенти по право, новинарство и граѓански активисти, независно дали истите членуваат во граѓанските организации или делуваат самостојно.
🔗 Курсот можете да го пронајдете на Академијата за човекови права достапна на следниот линк: https://ihracademy.org.mk/. Курсот е достапен на македонски и на албански јазик.
project-img project-img