news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНИЧКА ЗАЛОЖБА ЗА ПОДОБРИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СУДСТВОТО

ЗАЕДНИЧКИ ПРОТОКОЛ ЗА УНИФИЦИРАНО СПРОВЕДУВАЊЕ И РАБОТЕЊЕ ВО СЕКТОРОТ ,,ПРАВДА“

Еден од сегментите во македонското општество кои подолг временски период наназад се предмет на следење, анализа и бројни реформи, претставува правосудниот систем. Ова особено од аспект на обезбедување поефикасно остварување, промовирање и заштита на човековите права и слободи.  Статусот на судските службеници беше регулиран со општите прописи за работни односи се до 2000-та година, кога во сила стапи Законот за државните службеници. Судската служба, како посебен вид административна служба, за прв пат е регулирана во правниот систем во Република Северна Македонија со Законот за судска служба, кој ги утврди статусот, правата, должностите и одговорностите на судските службеници и го постави системот на плати и надоместоци на плати. Вака поставениот модел на почитување на спецификите на работата во судската служба доведе до позитивни резултати и доби позитивна оценка од судската администрација. Прашањата што се однесуваат на статусот на вработените во јавниот сектор и на административните службеници беа уредени со два општи закони - Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници. Веднаш по донесувањето на новите закони, кои го регулираат статусот на вработените во јавниот сектор и административните службеници, се пристапи кон усогласување на повеќе од 30 материјални закони, во однос на статусот на вработените во институциите на јавниот сектор.

Во рамките на овој процес на усогласување на посебните закони со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, во 2014-та година, беше донесен нов Закон за судска служба, кој во себе ги содржи истите законски решенија од законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници. 

Протоколот на македонски можете да го пронајдете тука.


Протоколот на албански можете да го пронајдете тука.

project-img