news-bg

Новости

Проект:
Уставниот суд – заштитник на владеењето на право

Прва тркалезна маса за транспарентноста на Уставниот суд на РСМ

Институтот за човекови права на 21ви мај одржа тркалезна маса во рамки на проектот „Уставниот суд – заштитник на владеењето на правото“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во СКопје.

Целта на овој настан беше да се организира стручна дискусија за да се елаборираат актуелните предизвици поврзани со Уставното судство во Република Северна Македонија.

На настанот се обратија претседателката на Институтот за човекови права Маргарита Цаца Николовска, Претседателот на Уставниот суд на РСМ Сали Мурати, Министерот за правда Бојан Маричиќ, Неговата екселенција Dirk Jan Kop - Амбасадор на Кралството Холандија, професорот Темелко Ристески автор на Функционалната анализа како и професорот и Декан на Правниот факултет „Климент Охридски“ – Битола Горан Илиќ.