news-bg

Новости

Проект:
СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ (СОРИ) - ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Резултати од истражување -ОЦЕНКА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ И НИВОТО НА ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА СО И РИ КАКО ОСНОВИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Република Северна Македонија е една од последните земји во регионот што нема законско решение за спречување и заштита од дискриминација кое би ја вклучило сексуалната ориентација како забранет основ за дискриминација.

Овој извештај презентира споредбени резултати од две анкетни истражувања на ставовите, перцепциите и постоењето на дискриминација кон лицата со различна сексуална и родова ориентација. Истражувањето е реализирано за потребите на проект реализиран од Институтот за човекови права, а финансиски е поддржан од Германската амбасада во Скопје.

Овој истражувачки извештај е продуциран врз основа на резултатите од анкетно истражување на репрезентативен примерок граѓани на Северна Македонија. Резултатите презентирани во рамки на овој извештај имаат за цел да утврдат клучните аспекти на перцепциите за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација. 

Истражувачкиот извештај е поделен на три дела. Во првиот дел е образложена истражувачката методологија. Во рамки на вториот дел презентирани се главните заклучоци, клучните наоди и резултати од реализираното истражување. 

ОЦЕНКА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ И НИВОТО НА ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА СЕКСУАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВИОТ ИДЕНТИТЕТ КАКО ОСНОВИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА