news-bg

Новости

Проект:
ЗА ПРАВДА – СЛЕДЕЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО И ПРИДОНЕС КОН ИЗРАБОТКА НА НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО 2022

РЕАКЦИЈА ПО УПОТРЕБАТА НА НАСИЛСТВО И ГОВОР НА ОМРАЗА НА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ

Блупринт групата ја осудува употребата на насилство и говорот на омраза, како и поттикнувањето на етничка нетрпеливост на вчерашниот протест во Скопје против францускиот предлог.

Блупринт групата го поддржува уставно загарантираното право на секој граѓанин да ги изрази своите ставови по мирен пат. Меѓутоа, секој чин на насилство и говор на омраза треба да е предмет на осуда, особено во демократски држави како нашата. Уште повеќе, имајќи ги во предвид аспирациите на Република Северна Македонија да и пристапи на Европската унија, како стратешка определба на нашата држава, Блупринт групата смета дека единствен начин на решавање на клучни општествени прашања е преку аргументиран дијалог наспроти насилство.

Блупринт групата испраќа апел до политичките партии, јавните личности, како и до секој граѓанин на Република Северна Македонија, мирно да го изразат својот став, без поттикнување на нетрпеливост и омраза, како и апел до медиумите да ги пренесуваат моменталните случувања на непристрасен и објективен начин.


Македонско здружение на млади правници (МЗМП)
Институт за европска политика (ЕПИ)
Институт за човекови права (ИЧП)
Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС)
Хелсиншки комитет за човекови права
Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА)
Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)