news-bg

Новости

Проект:
ПРОЕКТ ЗА РАЗВОЈ НА МИКРО-ПРЕТПРИЈАТИJA НА ЖЕНИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ

Претприемачки донираат против КОВИД - 19

9.600 маски за лице, 1.250 заштитни визири за лице и 1.100 антибактериски сапуни на природна основа, донацијата од проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област" наменета за граѓаните на Општина Тетово и Елбасан.

На 30.04.2020 година, во општина Тетово беа донирани 9.600 маски за лице, 1.250 заштитни визири за лице и 1.100 антибактериски сапуни. Оваа донација е резултат на пренамена на средствата од проектот, со цел да се помогне при борбата со Ковид-19, како и да се помогне на малите бизниси кои се најпогодени. Заштитната опрема во целост е изработена од жените претприемачки кои се дел од проектот од Полошкиот регион, како и оние од Елбасан. 

Оваа донација ќе им помогне на граѓаните, полицијата и здравствените работници во заштита на нивното здравје за време на извршување на работните обврски, но и во зајакнување на капацитетите за производство и продажба на жените претприемачки од прекуграничниот регион.

project-img project-img project-img