news-bg

Новости

Проект:
ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА 2018

Премиера на докуменарниот филм „Еднакви“

Вечерите на женски права 2018 продолжија со премиерната проекција на документарниот филм „ЕДНАКВИ“, во режија на Владимир Митревски, а во продукција на Институтот за човекови права и Сектор Филм.

Со филмот „Еднакви“ ја одбележуваме 110 годишнината од борбата за родова еманципација на нашите борки Роза Плавева и Наќие Бајрам.

Премиерата беше одржана на 03.04.2018 година во Младинскиот Културен Центар.

По проекцијата на филмот следеше дебата на која модератор беше Ана Јовковска, а во неа учествуваа три успешни жени кои го раскажаа својот пат до успехот и тоа: Гордана Нацева (поранешна голманка на ракометната репрезентација на Македонија и Директорка на РК Вардар), Васка Бајрамовска – Мустафа (заменик Правобранител на РМ) и Нина Ангеловска (Директорка на Групер).

На премиерата на документарниот филм и дебатата присуствуваа над 80 заинтересирани поддржувачи кои беа дел од публиката.