news-bg

Новости

Проект:
ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА СИТЕ

Повик за учество на обука за пристапот базиран на човекови права

Институтот за човекови права ќе ја организира втората обука за користење на Методологијата за Примена на пристапот заснован на човекови права за граѓанските организации, која ќе се одржи на 7ми и 8ми октомври 2020 година во хотел Гардениа, Велес.

На обуката се препорачува да присуствуваат лица кои што се вклучени во развој, имплементација или мониторинг и евалуација на програми, проекти или стратегии.

Ве молиме да го најавите присуство на најмногу 2 (два) учесника од вашата организација најдоцна до 2ри октомври 2020 година. За да се запазат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, бројот на учесници е ограничен и изборот на учесниците ќе биде на принцип прв дојден, прв услужен.

Пријавувањето можете да го направите на следниот линк.

Поканa за присуство на обука - граѓански организации