Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје, во рамките на заедничкиот проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор во рамките на слободата на медиумите за 2014 година, објавуваат повик за пријавување на студенти по новинарство и млади новинари на Летниот Курс по истражувачко новинарство во областа на човековите права и правосудството кој се спроведува во рамки на предметниот проект.
Цел на овој отворен повик е да им се даде еднаква можност на сите студенти по новинарство и млади новинари кои успешно ја завршија дводневната почетна обука за истражувачко новинарство (над 150 учесници) и кои ќе изразат личен интерес, да се пријават на ЛетниотКурс за истражувачко новинарство во областа на човекови права и правосудството.
Во рамките на овој повик ќе се изберат вкупно 20-30 студенти по новинарство од трите државни Универзитети (Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје – Правен Факултет „Јустинијан Први“ – Скопје; Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип – Правен Факултет; и Државен Универзитет Тетово – Правен Факултет) кои успешно ја завршија дводневната почетна обука за истражувачко новинарство која се одржа на:
25 и 26 Април 2016 на Правен Факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје;
04 и 05 Мај 2016 на Правен Факултет при Државниот Универзитет Тетово;
10 и 11 Мај 2016 на Правен Факултет при Универзитот „Гоце Делчев“ – Штип.
како и млади новинари кои се заинтересирани за учество на Летниот Курс.
Предвидените датуми за одржување на Летниот курс по истражувачко новинарство во областа на човековите права и правосудството (во рамки на тековната 2016 година) се:
- 11 и 12 јули - надвор од Скопје,
- 14 јули - во Скопје,
- 6 септември - во Скопје,
- 13 и 14 септември - надвор од Скопје,
- 22 септември - во Скопје - Свечена Конференција (доделување награди).
Документите потребни за пријавување на овој отворен повик треба да бидат доставени во електронска форма на емаил: miroslav.draganov@ihr.org.mk.
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 04.07.2016 година (понеделник) до 12 часот.
Повеќе информации за условите за пријавување на отворениот повик можете да најдете на следниов линк.