news-bg

Новости

Проект:

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

За ангажирање на понудувач за техничка поддршка и продукција на онлајн едукативни курсеви на ИЧП Академијата за е-учење

Институтот за човекови права (ИЧП) има потреба од набавка на услуги од понудувач за техничка поддршка и продукција на онлајн едукативни курсеви на ИЧП Академијата за е-учење кој го има потребното искуство и квалитет во доставување на ваков тип на услуги.

- Покана

Техничка спецификација

Понудите се доставуваат во електронска форма на е-поштата ihr@ihr.org.mk , со назнака: „ Техничка поддршка и продукција на онлајн едукативни курсеви на ИЧП Академијата за е-учење”.

Краен рок на доставување на понудите е до 26.12.2021 година. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата ihr@ihr.org.mk најдоцна до 24.12.2021 година.