news-bg

Новости

Проект:
ПРОЕКТ ЗА РАЗВОЈ НА МИКРО-ПРЕТПРИЈАТИJA НА ЖЕНИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ

Политики за развој на микропретпријатијата во сопственост на жени во прекуграничната област : физибилити студија

Fizibiliti-studija-mikropretrprijatija-mk.pdfНа својот пат кон Европската Унија, Република Северна Македонија значително го има подобрено севкупното деловно опкружување за започнување и вршење бизнис. Поконкретно, тука се мисли на разни мерки кои се осмислени и воспоставени од страна на државата преку владините институции, како и помош преку одредени фондови и финансиски инструменти на национално и локално ниво. Сепак, во изминативе 10 до 12 години, не се забележува некој посебен развој на микро и малите претпријатија во смисла на зголемување на нивниот број, прометот како и добивката која ја остваруваат, ниту пак драстично се зголемил бројот на луѓе вработени во секторот. Сè уште треба многу да се направи за развојот на микро и малите бизниси, особено во однос на поддршката на женското претприемништво. Како некои од можните мерки т.е. решенија за отворање нови работни места и креирање политики за создавање нови работни места, креаторите на политики промовираат мерки кои се однесуваат на претприемништвото и самовработувањето. Во смисла на овие политики постојат неколку клучни документи и стратегии кои се однесуваат на поддршка на нови иновативни компании и на развој на претприемништвото во целина, како и поддршка за жените претприемачи. Притоа, државата сè уште ја нема препознаено потребата од една сеопфатна поддршка за жените претприемачи со соодветно развиен буџет, освен некои спорадични мерки кои се издвоени преку Министерството за економија. Во рамки на оваа помош, финансиските средства кои се достапни за женското претприемништво се симболични, а самата поддршка не е препознаена меѓу самите жени, сегашни или идни претприемачи, особено кај оние кои живеат во руралните подрачја. Оваа физибилити студија е подготвена во рамки на „Проектот за развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“, имплементиран согласно Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија за 2014 и 2015 година. Проектот е имплементиран од страна на Центарот за управување со промени од Скопје како водечки партнер, во соработка со Центарот за компаративни и меѓународни студии од Тирана, Фондацијата „Егалите“ од Камењане и Институтот за човекови права од Скопје.

Политики за развој на микропретпријатијата во сопственост на жени во прекуграничната област : физибилити студија