Почитувани,
Институтот за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Здружението на судии и Здружението на судска администрација Ве канат на конференцијата “Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството”.
Конференцијата ќе се одржи на 2 април 2019 (вторник) во хотел Мериот со почеток од 11:00 часот.
Настанот е дел од ИПАII проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството” финансиран од ЕУ преку Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии.
На конференцијата ќе се презентираат активностите и целите на проектот, како и ќе се елаборира и дебатира потребата од заедничката заложба на здруженијата на граѓани и професионалните здруженија за поуспешни судски реформи.
На следнитот линк може да ја најдете деталната агенда за конференцијата: Агенда
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на адресата ihr@ihr.org.mk или на телефонскиот број 2 324 3332 најдоцна до 29 март (петок) 2019 година до 14 часот. Лице за контакт Маја Стојаноска.