news-bg

Новости

Проект:
СЛЕДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Oдржани средби со претставници на национални институции

Во рамките на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“ во периодот помеѓу ноември и декември 2021 година одржани се две средби со претставници од Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси. На состаноците  се разговараше за имплементацијата на владиниот план „Акција 21“ и за продлабочување на соработка. За таа цел Кабинетот на вицепремиерот назначи лице со кое би можеле да бидеме во постојана комуникација за да ги споделиме сите информации релевантни за реализација на владиниот план и постигнатите мерки.

На крајот на декември беа остварени средби со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија г-дин Љубомир Јовески и со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата г-ѓа Билјана Ивановска на кои се разговараше за споделување информации за преземени чекори во борбата против корупција и унапредување на соработка во врска со спроведување на мерките од владиниот план „Акција 21“ и Националната стратегија за спречување на корупцијата. Дополнително, на двете средби беше договорено да биде потпишан Меморандум за разбирање и соработка. Комисијата и Јавното обвинителство се договорија да назначат лице кое ќе биде одговорно за споделување информации со Институтот за човекови права како и заедничка организација на конференции, заемна поддршка во подигање на свеста за корупцијата преку кампањата што ќе ја започне Институтот за човечки права.