news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНИЧКА ЗАЛОЖБА ЗА ПОДОБРИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СУДСТВОТО

Одржан втор состанок на Советодавната работна група - 25.11.2019 година.

На ден 25.11.2019 година беше одржана средба на Советодавната работна група во рамки на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството”. На состанокот се разговараа актуелни и значајни прашања за суштински реформи во судството, меѓу кои и т.н ветинг во судството, односно фокусот на успешност или проблеми при спроведување на механизмите за т.н. ветинг во судството, како и предизвиците со кои се соочува судската администрација. Препораките и заклучоците кои произлегоа од ваквиот состанок ја детектираа моменталната ситуација, односно предизвиците и ризиците со кои се соочува судството во моментот, а воедно истите се и показател во која насока да делува граѓанскиот сектор во иднина, се со цел соработка и подобрување на состојбите. 


project-img