news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНИЧКА ЗАЛОЖБА ЗА ПОДОБРИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СУДСТВОТО

ОДРЖАН ТРЕТ СОСТАНОК НА СОВЕТОДАВНАТА РАБОТНА ГРУПА

На ден 08.07.2020 година беше одржан онлајн состанок на Советодавната работна група во рамки на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството” финансиран од ЕУ и кофинансиран од Британска амбасада Скопје. 

Советодавна работна група е составена од преставници на здруженијата на граѓани кои работат во областа на судството и нејзина главна задача е е континуирано следење на достигнувањата во судството, предлагајќи препораки и насоки за времена политика.Водени од веќе дефинирана методологија членовите на групата ги следат судските реформи, правната рамка и нејзината практична имплементација и на состаноците известуваат за утврдените наоди. 

На овој состанок се разговараше околу актуелните состојби во правосудството и членовите на групата ги презентираа нивните видувања во врска со процесите на носење и примена на дел од законите.

project-img