Втората обука на ниво на училиште беше одржана на 24.08.2021 во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“.
Членовите на училишниот тим имаа можност да ги имплементираат стекнатите вештини и да ја промовираат наставата на контроверзни прашања да биде дел од целата училишна програма и да ги охрабрат вработените да увидат дека контроверзните прашања ги засегаат сите предмети. Улогата на училишниот тим ќе биде да му помогне на персоналот да воспостави врска помеѓу контроверзните прашања и предметот што го предаваат со цел да се направат системски промени во училиштата.
Проектот „Контроверзни прашања во училишната програма - развивање ефективни практики и пристапи во наставата и учењето“ е финансиран заеднички од Европската Унија и Советот на Европа и се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во периодот март - октомври во 2021 година.