news-bg

Новости

Проект:
ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА, БУЛИНГ И ГОВОР НА ОМРАЗА

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈA БР.1

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација ја уредува превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во него се прошируваат основите, се менуваат и подобро се дефинираат поимникот и дефиницијата за дискриминација. Со новиот закон се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација, која исто така ќе треба, освен на заштита, да работи и на превенција од дискриминација. 

Предмет на овој мониторинг извештај е следење на работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) со цел прибирање податоци за состојбите со дискриминацијата. При следењето на работата на Комисијата, акцент е ставен на следниве критериуми за евалуација: ефективност, транспарентност и отчетност. Овој извештај е изработен во рамки на проектот „Заштита од дискриминација, булинг и говор на омраза”, со поддршка од Германската амбасада во Скопје. Цел на проектот е да ја потенцира важноста во однос на спречување и заштита од дискриминација (со посебен фокус на следниве основи: сексуална ориентација, родов идентитет, социјална и родова нееднаквост), како и спречување и заштита од говор на омраза и „булинг” – врсничко насилство меѓу средношколците.

Мониторингот во целост е достапен тука.

project-img