news-bg

Новости

Проект:
СЛЕДЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИСПОЛНЕТОСТА НА „ПЛАН ЗА ПОЛИТИКИ ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ“

Мониторинг - извештајот за исполнетоста на „Планот за политики за добро владеење“, во период од април до јуни 2022 година е изработен во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, со цел мерење на нивото на имплементација на документот и приказ на отворените прашања, празнини и недостатоци во спроведувањето на планираните чекори. 

Со цел полесно да се оцени нивото на имплементација и да се извести за предизвиците со кои се соочуваат институциите во нивното спроведување, мерките-активностите предвидени во наведениот документ ќе бидат поделени на три основни области: (i) дигитална трансформација на административните процеси и техничка опременост (ii) промени во релевантното законодавство; (iii) зголемување на соработката и јакнење на интегритетот и капацитетите на институциите.

Целосниот извештај на македонски јазик е достапен тука

Целосниот извештај на англиски јазик е достапен тука.

project-img project-img