news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНИЧКА ЗАЛОЖБА ЗА ПОДОБРИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СУДСТВОТО

Методологија за следење на промените во законодавството и нивно влијание во судството

Во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ со цел структуриран и сеопфатен мониторинг на Советодавната работна група за процена на судските перформанси од аспект на законските измени, се разви Методологија за следење на промените во законодавството и нивното влијание во судството. 

Индикаторите на оваа методологија ги нагласуваат последните и тековните промени во законите и нивното влијание врз судските остварувања, со цел да се развијат препораки како дел од политиките. 

Методологијата е електронски објавена на македонски и албански јазик и е достапна на сите други чинители кои би сакале да го следат влијанието на законските промени врз судските перформанси.    

 

Методологијата на македонски јазик е достапна тука.

Методологијата на албански јазик е достапна тука.