news-bg

Новости

Проект:

Меморандум за соработка помеѓу ИЧП и Филолошкиот факултет „Блаже Конески"

Во среда (18.10.2023 година), Институтот за човекови права и Филолошкиот факултет „Блаже Конески" потпишаа меморандум за соработка за воспоставување на меѓусебна соработка и поддршка, со цел да се обезбеди можност за практикантство за студентите на Филолошкиот факултет од студиската програма “Преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно” и “Преведување и толкување од македонски на англиски јазик и обратно”.

Институтот за човекови права ќе обезбеди можност за практикантство за студентите на Филолошкиот факултет, при што тие ќе стекнат искуство со превод на пишан материјал од областа на правото, а Филолошкиот факултет ќе обезбеди комуникација со студентите и промоција на практикантската програма во ИЧП.

Оваа соработка е доказ за заедничка посветеност и за заштита на човековите права преку образование и практична работа. Со здружување на силите, имаме цел да создадеме платформа каде проучувањето на јазикот, културата и човековите права се вкрстуваат.