Институтот за човекови права, во рамки на проектот „Заштита од дискриминација, булинг и говор на омраза“, финансиски поддржан од Германска амбасада во Скопје, создаде еден курс наменет за наставници и за стручен кадар и еден курс наменет за ученици кои имаат за цел нивно воведување и запознавање со дискриминацијата, врсничкото насилство (булинг) и говорот на омраза во училиштата.
🔗 Курсевите можете да ги пронајдете на Академијата за човекови права достапна на следниот линк. Курсевите се достапни на македонски и на албански јазик.