news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД - ЗАШТИТНИК НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА УСТАВНИОТ СУД БР.3

Институтот за човекови права ја набљудува работата на Уставниот суд во рамки на проектот „Уставниот суд – заштитник на владеењето на правото“ овозможен со поддршка од Кралството Холандија. 

Во периодот од 1 мај до 31 јуни 2021 година, Уставниот суд на РСМ одржал вкупно 7 јавни седници, 2 подготвителни седници и 1 јавна расправа.

При разгледувањето на сработените предмети на Уставниот суд, во периодов на известување, согледуваме дека во работа имал вкупно 41 предмет, од кои 37 иницијативи1 за поведување постапка за оценување на уставноста на закон или на уставноста и законитоста на друг пропис, и 4 барања за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот. Кај 3 предмети, при одлучувањето, била одложена расправта, додека во 4 предмети Судот не донел одлука, затоа што предлозите за одлучување не го добиле потребното мнозинство.2 Сите иницијативи се поднесени од други подносители, а ниту една постапка за оценување на уставноста и законитоста не е започната по иницијатива на Судот. Дополнително, Судот не расправал по ниту еден предлог за решавање на судир на надлежности.  

Целосниот извештај  е достапен тука.

Извештајот на албански е достапен тука.

project-img