news-bg

Новости

Проект:

Извештај од следење на Управниот суд на Република Северна Македонија

Институтот за човекови права редовно ги следи јавните расправи пред Управниот суд, чиј основ се социјалните права. Целта на оваа активност е да се анализира пристапот до административна правда за сите граѓани, со посебен осврт на маргинализирани и ранливи групи на граѓани (приматели на социјална помош, лица со попреченост, Роми, самохрани родители, повозрасни граѓани и слично).

Во текот на овој извештаен период (јануари – јуни 2023 година), пред Управниот суд беа одржани 90 јавни расправи чиј основ се социјалните права.

Најзастапени основи кои беа расправани на мониторираните рочишта беа: право на старосна пензија, право на додаток за дете, надомест за лекување во странство, право на инвалидска пензија, право на семејна пензија и надомест за набавени лекови.

Од вкупно 90 јавни расправи, 20% се однесуваа на предмети поднесени во 2021 година, 74% на предмети поднесени во 2022 година и 6% на 2023 година. 

Во повеќе од пола (56%) од мониторираните рочишта, како тужен се јавува Министерството за труд и социјална политика. Дополнително, тужениот орган во најголем број од случаите не присуствува на закажаните расправи,  поточно тужениот орган бил присутен само на 9 расправи (10%). 

Исто така, забележано е дека поголемиот дел од тужителите или нивните полномошници ги плаќаат судските такси. Согласно член 11 од Законот за судски такси, граѓаните во управни спорови од областа на социјални права се ослободени од плаќање судски такси.

Прочитајте го целосниот извештај тука.  

project-img