news-bg

Новости

Проект:
ЗА ПРАВДА – СЛЕДЕЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО И ПРИДОНЕС КОН ИЗРАБОТКА НА НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО 2022

ИНФОГРАФИЦИ: СТЕПЕН НА СПРОВЕДЕНОСТ НА МЕРКИТЕ ОД СТРАТЕГИЈАТА И ПРЕПОРАКИ

Инфографиците се однесуваат на наодите за секоја од стратешките цели на Стратегијата (независност и непристрасност; квалитет; одговорност; ефикасност; транспарентност и пристап до правда) и наодите во однос на реформите во посебните правни гранки (казнено-правна област, управно-правна област и граѓанско-правна област).

Во првиот и вториот инфографик е прикажан степенот на исполнетост на мерките кои ги следеше Блупринт групата групирани според стратешките цели и посебните правни гранки на кои припаѓаат, при што со зелена боја е обележан бројот на мерки кои се целосно спроведени, со жолта боја е обележан бројот на мерки кои се делумно спроведени, а со црвена боја е обележан бројот на мерките кои не се спроведени.

Во третиот инфографик се прикажани препораките кои произлегоа од Анализата на Блупринт групата, групирани според стратешките цели и посебните правни гранки на кои припаѓаат, при што со темно сина боја е обележан бројот на препораки кои се однесуваат на законодавната рамка, со светло зелена боја е обележан бројот на препораки кои се однесуваат на имплементација на мерките, а со бела боја е обележан бројот на препораки кои се однесуваат на финансиски аспекти.