news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

Годишната конференција во Заедно во борба против корупција 2021

На 22 април 2021 година на ZOOM платформата беше одржана Годишната конференција во рамките на проектот „Заедно во борба против корупција”. На почеток од конференцијата, проектниот менаџер Александар Божиновски ги образложи активностите кои беа реализирани во рамките на проектот од страна на проектните партнери СКУП, ИЧП и МЕДИУМ, а кои се состојат во објавени 15 истражувачки стории, изготвен Правен речник за новинари како и Мониторинг извештај за медиумско известување за корупцијата во Македонија, беа финансиски поддржани 10 грантисти преку нивните проекти кои се однесуваа на детектирање на коруптивни практики на национално и локално ниво и беа следени 190 судки рочишта во кои Државното правобранителство на Република Северна Македонија се јавува како странка во постапката со цел заштита на имотните и други интереси на Републиката и/или на органите на државната управа кои ги застапува согласно закон. Воедно, Гонче Јаковлеска од МЦМС ја истакна важноста во борбата против корупцијата особено во моменталните услови со кои се соочуваме поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

На првиот панел беше презентирана активноста на ИЧП која се однесува на Анализа на Националната и компаративна правна рамка релевантна за спречување на корупцијата изготвана од страна на Драган Малиновски и Лазар Сандев.

Вториот панел се осврна на Предизвиците на истражувачкото новинарство во борбата против корупција во услови на пандемија каде учество зедоа Мери Јордановска, Маја Јовановска, Влатко Стојановски и Васко Маглешов. Тие ги презентираа нивните искуства и предизвици со кои се соочиле особено во добивањето на информации релевантни во борбата против корупцијата за време на пандемијата.

Предмет на дискусија на третиот панел на кој учествуваа Герман Филков, Горан Лефков, Александра теменугова и Славица Филиповска беше соработката на невладините организации и истражувачките новинари особено на теми поврзани со борбата против корупцијата, добивањето на информации, постапувањето на државните институции и други предизвици. Беше потенциран фактот дека невладините организации се особен двигател во борбата против корупцијата кои преку своите опсежни анализи и конкретни информации успеваат да дадат свој придонес во детектирањето на коруптивните практики.