news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

АНАЛИЗА НА НАЦИОНАЛНАТА И КОМПАРАТИВНА ПРАВНА РАМКА РЕЛЕВАНТНА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Постоењето на корупцијата во системот на една држава укажува на неефикасност на законската регулатива, неконзистеност во функционирањето на државните институции, како и на многу други фактори кои се од значење не само за детектирање на коруптивните практики, туку и за препознавање и спречување на корупцијата како глобален феномен.

Анализава првенствено ќе се осврне на елаборирање на Националната правна рамка релевантна за спречување на  корупцијата. Во таа насока потребно е да се истакне дека антикорупциската материја е регулирана во повеќе закони. Така, Кривичниот законик ги уредува кривично-правните аспекти од извршените дела во кои постојат коруптивни елементи, како што се: неовластено примање и давање подароци, примање и давање поткуп, злоупотреба на службена положба за прибавување корист, како и примање и давање награда за противзаконито влијание. Законот за јавни набавки го уредува начинот и постапките за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, надлежностите на Државната комисија за  жалби по јавни набавки и правната заштита во постапките за јавни набавки, како и правната заштита во постапките за доделување концесии и договори за јавно приватно партнерство и слично.


Анализата на македонски е достапна тука.

Анализата на албанские достапна тука.