ihr-logo

Институтот за човекови права (ИЧП) е здружение на граѓани основано во Скопје, во 2009 година, со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност, анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија како и дискусии за општата јавност.

projects-bg

Проекти

newsletter-img
publications-bg

Публикации

publications-bg

Правен дијалог

Стручното списание „Правен дијалог” се издава со цел развивање, унапредување и размена на правната мисла помеѓу теоретичарите и практичарите од областа на правото и човековите права. Оттаму произлегува и називот на списанието кое алудира на развивање на дијалог, и изразување на различни ставови и гледишта по однос на теми кои ги засегаат човековите права и владеење на правото.

Првото издание на Правен дијалог беше објавено на 20 Ноември 2010 година.

Списанието излегува два пати во годината со објавување на трудови кои се очекува да имаат влијание врз разрешување на дилеми во однос на правни и теоретски прашања кои опфаќаат теми поврзани со човековите права и владеењето на правото.

logo-img
logo-img
logo-img
logo-img
logo-img
logo-img
logo-img
logo-img