projects-bg

Тековни проекти

ЗА ПРАВДА – СЛЕДЕЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО И ПРИДОНЕС КОН ИЗРАБОТКА НА НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО 2022

Институт за европска политика (ЕПИ) ќе го спроведува проектот во партнерство со Институтот за човекови права (ИЧП), Македонското здружение на млади правници (МЗМП), Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА), Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Северна Македонија (ХКЧП).

Донатор: Фондацијата Отворено општество - Македонија

Времетраење: од 01.05.2022 до 31.12.2022 година.

Општа цел: Зголемување на влијанието на граѓанските организации во процесот на реформи во правосудството како предуслов за заштита на човековите права и обезбедување социјална правда.

Посебни цели: 

1. Зајакнување на процесот на следење на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) со фокус на нејзиното влијание врз заштитата на човековите права и обезбедувањето социјална правда, како и придонес во подготовката на идната Стратегијата за правосудниот сектор.

2. Унапредување на партиципативното креирање политики во областа на правосудството со користење на меѓу-секторски пристап и соработка со тематски мрежи и други граѓански организации.

3. Зајакнување на активностите за застапување засновано на докази во областа на правосудството од страна на граѓанските организации.

Главни активности се во вид на истражување, вмрежување и застапување.

Очекувани резултати

  1. Објективна и сеопфатна оценка на процесот на реформи во правосудството и неговото влијание врз човековите права и социјалната правда:
    • Ажурирана методологија за следење со индикатори за нејзиното влијание врз човековите права и социјалната правда
    • Еден полугодишен мониторинг бриф
    • Анализа со сеопфатна оцена за спроведување на постојната Стратегија за реформи во правосудството
    • Фокус група со судии/експерти за подготовка на документ за јавни политики
    • Изработка на документ за јавни политики од мониторингот на оценување на работата на судиите
  2. Зајакната соработка помеѓу граѓанските организации и тематски мрежи која овозможува идентификување и артикулирање на нивните потреби и барања во процесот на реформи во правосудството 
    • Активно учество на состаноците за секторската група за правда
    • Воспоставена соработка помеѓу Блупринт и платформи/мрежи кои работат правосудство, човекови права и борба против корупција во земјата и на регионално ниво
    • Најмалку два извештаи со идни иницијативи за подобрување на состојбите во правосудството на тематски основи
  3. Граѓанските организации применуваат застапување засновано на докази и се вклучени во клучните реформски процеси кои се однесуваат на правосудството  
    • Ревидиран план за застапување
    • Јавен настан за подготовка на Идната Стратегија за правосудство и промоција на Анализата со сеопфатна оцена за спроведување на постојната Стратегија за реформи во правосудството
    • Документ за јавни политики со препораки за мерки и активности за идната Стратегија за правосудство
    • Активно учество на состаноци на Советот за реформи во правосудство и во работни групи
    • Најмалку 3 position papers и коментари на ЕНЕР
    • Завршна конференција

Целни групи: Министерство за правда, Влада на РСМ, Секретаријат за Европски прашања, Врховниот суд, Судски совет, Јавното обвинителство, Совет на Јавни обвинители, Академија за судии и јавни обвинители, Советот за следење на реформите во судството, Здружението на судии, Здружение на Јавни обвинители, Адвокатската комора, Нотарската комора, Комората на извршители, Комората на медијатори, тематски мрежи на ГО, граѓанскиот сектор, медиуми и граѓани на РСМ.

project-img
news-bg

Новости