news-bg

Новости

Проект:

Трет мониторинг бриф за извршувањето на одлуките на ЕСЧП во Република Македонија

СОДРЖИНА

Пресуди на ЕСЧП во 2017 во кои Република Македонија е странка против која е поднесена апликацијата:

1. ПРЕДМЕТ ТОЛЕСКИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (пресуда од 15 јуни 2017) 

2. СЛУЧАЈ КАРАЈАНОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (пресуда од 6 април 2017) 

3. СЛУЧАЈ СЕЛМАНИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (пресуда од 9 февруари 2017)

ЗАКЛУЧОК 


Пресуди на ЕСЧП во 2017 во кои Република Македонија е странка против која е поднесена апликацијата:

1. ПРЕДМЕТ ТОЛЕСКИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (пресуда од 15 јуни 2017)

Наводна повреда членот 1 од Протоколот 1 и на членот 6 од Конвенцијата

ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ, ЕДНОГЛАСНО

1. Ги прогласува жалбените наводи според членот 6 став 1 и членот 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата за повреда на начелото на правна сигурност и за лишување од сопственост за допуштени, и остатокот од жалбата за недопуштен;

2. Утврдува дека немало повреда на член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата;

3. Утврдува дека не е потребно посебно разгледување на жалбените наводи според член 6 од Конвенцијата.

2. СЛУЧАЈ КАРАЈАНОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (пресуда од 6 април 2017

Постои повреда на членот 6 и членот 8 од Конвенцијата

ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ, ЕДНОГЛАСНО

1. Ги прогласува наводите според член 6 став 1, член 8 и член 13 за допуштени, а остатокот од жалбата за недопуштена;

2. Одлучи дека има повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата по основ на целокупна правичност на постапката за лустрација;

3. Одлучи дека има повреда на член 8 од Конвенцијата;

4. Одлучи дека нема потреба да се испитува наводот во однос на членот 13 од Конвенцијата;

5. Одлучи

(a) дека одговорната држава, треба во рок од три месеци од датумот на правосилност на пресудата, во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, следниве износи, кои треба да се конвертираат во валутата на одговорната држава според курсот, кој е применлив на денот на исплатата:

(i) 4,500 (четири илјади и петстотини евра), плус секоја давачка која можела да биде наплатена од жалителот, на име на нематеријална штета;

(ii) 1,000 (илјада евра), плус секоја давачка која би можела да биде наплатена од жалителот, на сметка во банка на законскиот застапник на жалителот;

(b) по истекот на горенаведените три месеци до исплатата ќе биде пресметана обична камата на горенаведените суми, по стапка еднаква на маргиналната стапка за позајмица на Европската централна банка за време на периодот на доцнење плус три процентни поени;

6. Го одбива останатиот дел од барањето на жалителот за правично обесштетување.

3. СЛУЧАЈ СЕЛМАНИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (пресуда од 9 февруари 2017)

Постои повреда на членот 6 и членот 10 од Конвенцијата

ОД ТИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ, ЕДНОГЛАСНО,

1. Ја прогласува жалбата за допуштена;

2. Одлучи да го спои со меритумот, и да го отфрли приговорот на Владата која тврдеше дека жалителите не претрпеле значителна штета поради неодржувањето на усна расправа во постапката пред Уставниот суд;

3. Смета дека има повреда на член 6 од Конвенцијата во поглед на неодржувањето на усна расправа пред Уставниот суд;

4. Смета дека има повреда на член 10 од Конвенцијата во поглед на отстранувањето на жалителите од собраниската галерија од страна на собраниското обезбедување;

5. Смета

(а) дека одговорната држава треба да плати на секој од жалителите, во рок од три месеци откако пресудата ќе стане конечна согласно членот 44 став 2 од Конвенцијата, по 5,000 евра (пет илјади евра) во поглед на нематеријална штета, кои треба да се конвертираат во националната валута на одговорната држава по стапка која е применлива на денот на исплатата, и дополнително која било такса која би можела да биде наплатена на тој износ;

(б) дека по истекот на горенаведените три месеци до исплатата ќе биде исплатена обична камата на горните суми, по стапка еднаква на стапката за позајмица на Европската централна банка за односниот период, плус три процентни поени;

6. Го отфрла остатокот од барањето на жалителите за правична отштета.

ЗАКЛУЧОК

Од судската пракса на ЕСЧП во однос на Република Македонија за првата половина на 2017 година може да се заклучи дека со пресудите е утврдено:

• Два случаи со повреда на членот 6 од Конвенцијата;

• Еден случај со повреда на членот 8 од Конвенцијата;

• Еден случај со повреда на членот 10 од Конвенцијата

Според горенаведеното, Судот во два случаи утврдил повреда на член 6 од Конвенцијата, кој се однесува на правото на правична судска постапка според кој секој има право на правично судење, во разумен рок, пред независен и непристрасен суд.



Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.