news-bg

Новости

Проект:
ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ГРАНТ

СТУДИСКА ПОСЕТА ВО СТРАЗБУРГ

Членовите на Извршната канцеларија и Претседателката на Институтот за човекови права (ИЧП) успешно ја реализираа студиската посета во Стразбург, Франција во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас. Беа остварени четири состанока и две study tours во рамките на Советот на Европа и на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Реализираната студиска посета е од големо значење за тековното работење на Институтот, а особено за понатамошниот развој на ИЧП во однос на зајакнување на меѓународната соработка. Еден од состаноците беше со граѓанска организација, една официјална средба со македонскиот судија во ЕСЧП, како и средби со претставници на Советот на Европа од одделите за ромски прашања, за ЛГБТИ, како и за владеење на правото и човековите права. Непосредно разменетите искуства и пренесените добри практики од Стразбург ќе бидат од големо значење за унапредување на остварувањето и заштитата на човековите права во Република Македонија.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img