news-bg

Новости

Проект:
ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ГРАНТ

Студиска посета во Мадрид

Членовите на Извршната канцеларија на Институтот за човекови права (ИЧП) успешно ја реализираа студиската посета во Мадрид, Шпанија во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас. Беа остварени пет состаноци кои се од големо значење за тековното работење на Институтот, а особено за понатамошниот развој на ИЧП во однос на зајакнување на меѓународната соработка. Две од средбите беа со граѓански организации, една официјална средба со судии-членови на Судскиот совет на Шпанија, како и средби со Владиниот агент на Шпанија и со претставник од Секторот за меѓународна соработка при шпанското Министерство за правда. Непосредно разменетите искуства и пренесените добри практики од Шпанија ќе бидат од големо значење за унапредување на остварувањето и заштитата на човековите права во Република Македонија.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img