news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

Правен речник-поимник наменет за новинари

Правниот речник/поимник е изработен во рамки на проектот „Заедно во борба против корупцијата”, имплементиран од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија, а во соработка со партнерските организации Институт за човекови права од Скопје и Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ.
Проектот „Заедно во борба против корупцијата” е финансиран од Делегација на Европска Унија, преку ИПА програмата – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017.


Правниот речник/поимник пред сѐ е наменет за новинарите, уредниците и медиумските работници кои учествуваат во создавањето на новинарски содржини и истражувачки стории чија цел е намалување на коруптивните дејствија.
Новинарите во својата перманентна работа, особено во сферата на истражувачкото новинарство, се соочуваат со повеќе правни поими кои треба дополнително да се објаснуваат за пошироката јавност. Имајќи предвид дека новинарот речиси секогаш работи под притисок на времето, процесот на употреба и на објаснувања на правни поими делува проблематично со целата своја комплексност која подразбира многу закони, процедури, дефиниции во текот на обработка на истражувачките стории. За да им се олесни работата на новинарите, посебно при стории што се поврзани со корупциски активности, Центар за развој на заедниците на медиумите МЕДИУМ, во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата” изработи речник-поимник за истражувачко новинарство кој опфаќа повеќе правни поими и изрази кои најчесто се употребуваат во текот на оваa специфична работа на новинарите.

Речникот може да го преземете тука.