news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА ИТНИ РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО

Покана за Презентација на Прв мониторинг извештај „РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО – ОД ПРИБЕ 1 ДО ПРИБЕ 2 И ПОТОА“

Почитувани,

Институтот за човекови права (ИЧП), Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Институтот за европска политика (ЕПИ) Ве покануваат на презентацијата на Првиот мониторинг извештај „РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО – ОД ПРИБЕ 1 ДО ПРИБЕ 2 И ПОТОА“ кој што е подготвен во рамките проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“.

Презентацијата ќе се одржи на 21 ноември 2017 година (вторник) во х. Арка, со почеток во 10.30 часот.

По презентацијата на извештајот ќе следи фокусирана дискусија во која ќе бидат претставени предизвиците со кои се соочуваат релевантните институции за преземање на неопходните реформи.

Проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“ го спроведуваат ИЧП, како носител, во соработка со МЗМП и ЕПИ, со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, во времетраење до 30 јуни 2018 година. Општата цел на проектот е зајакнување на транспарентноста, отчетноста и професионалноста на органите на правосудството, а специфични цели на проектот се: (1) зајакнување на структурниот мониторинг над реализацијата на Итните Реформски Приоритети во правосудството (ИРП), и (2) унапредување на јавната дебата за имплементирање на ИРП преку граѓанско застапување.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на албански и англиски јазик.

Ве молиме Вашето присуство потврдете го на емаил: ihr@ihr.org.mk или на телефон: 02/ 3243-331 најдоцна до понеделник - 20.11.2017 до 14 часот.


ПРОГРАМА


Срдечно,

Институт за човекови права

Македонско здружени на млади правници

Институт за европска политика