За потребите на проектот „Човекови права за сите” финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019 – Оперативна поддршка за граѓански организации во Република Северна Македонија , Договорот за грант меѓу ЕУ и ИЧП, бр. 0307-81/1 од 19.12.2019 година (во понатамошниот текст: Договор за грант), Институтот за човeкови права испраќа:
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 06/2020
за набавка на услуги - ангажирање на
ОБУЧУВАЧИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТРИ ОБУКИ ЗА ПРИСТАП ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да доставите понуда во согласност со Повикот 06/2020.
Во прилог можете да ги пронајдете релевантните документи:
- Покана за доставување понуди 06/2020
Крајниот рок за доставување на понудите е до 14.9.2020 година на маилот ihr@ihr.org.mk со назнака „Понуда за обучувач-Човекови права за сите“.
Деталите се образложени во поканата и проектната задача.
За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса ihr@ihr.org.mk. најдоцна до 11.9.2020 година.