news-bg

Новости

Проект:
ЗГОЛЕМЕН ЈАВЕН НАДЗОР НАД РАБОТЕЊЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ

Институтот за човекови права објавува оглас за изработка на видео материјал за работата на Судскиот совет на РМ.

Видеото има за цел да ги запознае граѓаните со улогата и надлежностите на Судскиот совет на  РМ.

Видеото е дел од проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ поддржан од Британска амбасада Скопје и имплементиран од страна на Институот за човекови права.

– Должината на видеото треба да биде најмногу 5 минути;

– Потребен е титлуван превод на албански јазик;

– Видео материјалот треба да содржи анимација за полесно разбирање на тематиката.

Заинтересираните физички и правни лица потребно е да имаат искуство во изведба на слични видео материјали. Рокот за достава на понуда е 28.02.2017 година до 16.00 часот а видео материјалот потребно е да биде изработен најдоцна до 15.03.2017 година.