news-bg

Новости

Проект:

Меѓународен на лицата со попреченост

Денес го обележуваме меѓународниот ден на лицата со попреченост. Заложбата за остварување на правата на лицата со попреченост  е прашање за постоење на пристап до правда во општеството во целина.

Кризата предизвикана од Ковид-19 ги продлабочува веќе постоечките нееднаквости и ја зголемува исклученоста на лицата со попреченост. Лицата со попреченост имаат проблеми со пристап до здравствена заштита, образование, вработување и активно учество во општеството.

На овој ден потребно е да се потсетиме дека секојдневно треба сите да работиме на обезбедување на општество кое ги вклучува сите.

На 17 ноември 2021 год., Уставниот суд ја прифати и поведе постапка по иницијативата на Институтот за човекови права  со која се оспорува одредба од член 44 став 2 од Законот за социјална заштита во делот: „најдоцна до 65-годишна возраст” кој се однесува на правото на паричен надоместок заради попреченост.

Имено Законот за социјалната заштита, создава разлики помеѓу лицата со попреченост по основ на возраста, која предизвикува нееднакви можности од пристап до правата од сферата на социјалната заштита, конкретно правото на паричниот надоместок заради попреченост, а со тоа и нееднакви можности во поглед на користењето на самиот надоместок, независно од тоа што и едните и другите се наоѓале во иста ситуација на попреченост од член 44 став 1 од Законот.

Искрено се надеваме дека Уставниот суд ќе донесе позитивна одлука по оваа иницијативa и ќе биде овозможено користењето на правото на паричен надоместок заради попреченост на еднаков основ на сите лица со попреченост без разлика на возраста.