news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА: Проблемот наречен Русино: Сметот се трупа и пали, решението сѐ уште на хартија

Автор: Дејан Ангеловски


ПН: „Стоп Русино“ смета дека единствено вистинско искрено решение е итно затворање на нелегалното ѓубриште Русино, додека надлежните уверуваат дека проблемот ќе се реши. Во споредба со претходните две години, општина Гостивар одвоила најмалку средства за Русино. Според месечниот извештај за месец ноември 2020 година за квалитетот на воздухот во Гостивар, мерењата на мониторинг станицата покажуваат дека скоро цел месец ноември е надмината вредноста на ПМ 10 честички во воздухот.

Дивата депонијата Русино е лоцирана над Гостивар, во Бањичкото Поле, каде тече Сушичка Река која го напојува Бањичко Поле и се влива во Реката Вардар. Многу гостиварци оваа локација ја посакувале за излетничко место, но наместо тоа, Русино се прочу како депонија која со последните мерења се проширила на површина од 120.000 м2, сѐ до националниот парк Маврово, каде многумина доаѓаат за да најдат мир и спокој во огромното зеленило и шумскиот рај. На депонијата се одложува отпад од девет општини од Полошкиот регион во количина приближно од 120.000-140.000 тони дневно, кој често пати се пали, а тешките мириси и чад се шират над Гостивар и околината. Така и оваа зима. Иако надлежните најавија дека конечно ќе се санира депонијата и ќе се најде решение за нивниот вечен проблем, сепак, мерењата на воздухот покажуваат дека Русино и понатаму останува проблем број еден за гостиварци.


Целосните стории се достапни на лниковите подолу:

Истражувачката сторија на македонски е достапна тука.

Истражувачката сторија на албански е достапна тука.

Истражувачката сторија на англиски е достапна тука.