news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

Годишна конференција

Годишната конференција организирана во рамките на проектот „Заедно во борба против корупција“ поддржан од Европската Унија. Годишната конференција се одржа на 23 јануари (четврток).

Во рамките на конференцијата се одржаа три панел сесии на кои се дискутираше за предизвиците на истражувачкото новинарство во борбата против корупција, мониторинг на работата на Државното правобранителство како и за предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации во борбата против корупција.

На првата панел сесија говореа Сашка Цветковска, Александар Димитриевски, Кристина Озимец и Сефер Тахири.

На втората панел сесија говореа Вања Михајлова, Драган Малиновски, Субхи Јакупи и Зоран Петковски.

На третата панел сесија говореа  Лулзим Хазири, Слаѓана Тасева, Миша Поповиќ и Горан Лазаревски.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img