Институтот за човекови права одржа дебата на ден 26.09.2019 година за Апелационо подрачје Гостивар на која се дискутираа резултатите од следењето на работатата на Судскиот совет, како и измените на Законот за судови и Законот за судски совет.
Заклучоците и препораките истакнати од судии, професори и стручни соработници присутни на дебатата ќе служат за понатамошно застапување за зголемена транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет.
Настанот е дел од проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет“, поддржан од Британската амбасада.