Во рамки на третата година од имплементацијата на овој проект, ИЧП и понатаму врши континуиран мониторинг на работата на Државното правобранителство на РСМ (ДПРСМ) преку следење на судските и управните постапки во кои Државното правобранителство се јавува како странка во постапката, односно како овластен застапник по закон на државните органи. Согласно со законската регулатива, Државното правобранителство е орган кој ги штити имотните права и интереси на државата.
Имајќи ги предвид претходните мониторинг извештаи и фактот дека работата на Државното правобранителство и понатаму не е медиумски експонирана, како и дека не се преземени неопходни мерки и активности за зајакнување, унапредување и воспоставување на институционални капацитети соодветни на улогата на ДПРСМ, што беше констатирано и во ревизорскиот извештај, изготвен од Државниот завод за ревизија,2 заложбата на ИЧП, преку следење на работата на ДПРСМ, има за цел да ја доближи оваа институција до граѓаните, но и да ги детектира слабостите во работењето, кои потоа ќе претставуваат основа за изготвување длабинска анализа со предлог-мерки за подобрување на работата на ДПРСМ.
Предмет на анализа на Четвртиот мониторинг извештај се судските постапки во кои ДПРСМ ги штити имотните права на Републиката и/или на државните органи, но и на дадените мислења (позитивни или негативни) во постапки за отуѓување на градежно изградено/неизградено земјиште, отуѓување на недвижности кои се сопственост на државата, размена на земјоделско земјиште и продолжување на договори за закуп.
Четврти мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РСМ на македонски
Четврти мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РСМ на албански