news-bg

Новости

Проект:
КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА ВО УЧИЛИШНАТА ПРОГРАМА - РАЗВИВАЊЕ ЕФЕКТИВНИ ПРАКТИКИ И ПРИСТАПИ ВО НАСТАВАТА И УЧЕЊЕТО

Алатка за самоевалуација на практики за настава за контроверзни прашања

Намената на оваа алатка е преку самоевалуација на практики за настава за контроверзни прашања, наставниците да имаат увид и согледувања на моменталната состојба за дадени теми, кое ќе овозможи соодветно планирање и одредување на приоритети за понатаму. Целта е да обезбеди ресурс за планирање базирано на повратни информации, конструктивен опфат за реализација на настава, да се зајакне учењето и оценувањето на содржини што произлегуваат од контроверзни теми. Алатката како почетната точка го зема развојот на Референтната рамка на компетенции за демократска култура на Советот на Европа, која се заснова на верувањето дека една од основните задачи на образовните системи, училиштата и универзитетите треба да е подготовката на младите луѓе за демократско граѓанство, интеркултурен дијалог, транспарентност и вклучување на сите засегнати страни на локално и национално ниво. Дополнително, наставата за контроверзни прашања се вклопува при изучување на вредностите за човекови права, демократија и владеење на правото.

Следејќи го растечкиот консензус дека демократското граѓанство, почитта за човековите права и меѓукултурното разбирање поефективно се совладуваат преку практични вежби отколку преку слепо акумулирање на факти, тоа води кон вклучување во курикулумот за демократско граѓанство на нови, непредвидливи и контроверзни видови на наставни и воннаставни содржини.

Целта на овој документ е да го надополни Пакетот за обука за наставниците каде се опфатени предизвиците при предавање на контроверзни прашања во наставата. И самоевалуацијата и пакетот ги поддржуваат наставниците да ја препознаат вредноста на ангажирањето на младите во контроверзните прашања и соодветно да развијат самодоверба и компетенции и да ги направат дел од нивната секојдневна пракса, особено преку:

- Создавање на „безбедни катчиња“ во училницата каде што учениците ќе можат слободно и без страв да истражуваат прашања коишто ги засегаат;

- Употреба на наставни стратегии и техники кои промовираат отворен и почитуван дијалог. Пакетот потврдува дека иако не постојат „брзи поправки“ и не секоја тема е соодветна за секоја возрасна група, на крајот на краиштата нема добра причина зошто контроверзните прашања треба да се избегнуваат во училиштата и училниците, но има добри причини зошто не треба.


Алатката е достапна тука: Alatka za samoevaluacija.pdf